Мише е родена во април 1997 година. Иако беше голема среќа за нејзините родители, таа беше украдена како бебе од болница во Кејптаун, откако жена облечена како медицинска сестра ја однела.
Во јануари 2015, на училиште слушнала за девојка по име Кесиди Нурс која изгледала неверојатно слично на неа. Двете се зближиле, а кога го покажале својот заеднички селфи, семејствата забележале сличност. Тогаш започнало да се открива вистината.

Набргу, Мише дознала од социјални работници дека постои нерешена приказна за украдено бебе – Зефани Нурс, која исчезнала од истата болница пред 17 години. Со ДНК тест било потврдено дека Мише и Зефани се иста личност.
Ова ја потресло и нејзиниот живот се промени драстично. Мајката која ја воспитувала, Лавона Соломон, била уапсена поради киднапирањето и лажирање на родителство.
Мише не можела да ја разбере ситуацијата и се чувствувала загубено, но и покрај сè, не ѝ е лута на Лавона и ѝ простува.
По полнолетството, Мише одлучила да остане да живее кај човекот кој ја одгледал, додека се обидува да воспостави врска со своите биолошки родители.

Годинава се омажи, а на венчавката ја воделе двајцата – нејзиниот биолошки татко и човекот кој ја одгледал, што за неа беше најважниот момент.