ПРВ.мк
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 31-годишен маж пукал кон основнo училиште!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 31-годишен маж пукал кон основнo училиште!

Вознемирувачки случај е регистриран во Виница, каде што 31-годишен маж се соочува со кривична пријава поради сомнение дека со огнено оружје пукал кон основно училиште.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница информираат дека против П.З. (31) е поднесена пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 12 јануари 2026 година, кога пријавениот, како што е наведено во пријавата, испукал неколку проектили кон објектот на основното училиште во Виница.

Од пукањето бил оштетен дел од училишниот инвентар, а случајот бил пријавен и започната била истрага за утврдување на сите околности.

При последователен претрес во домот на пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле пушка, пригушувач, рамки за муниција, 192 парчиња дијаболи, како и други предмети кои можат да бидат поврзани со случајот.

Надлежните продолжуваат со дополнителни проверки за целосно расчистување на мотивите и сите детали околу инцидентот.