ПРВ.мк
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ: Се запали стан - двајца полицајци и граѓанин завршија на лекар!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ: Се запали стан - двајца полицајци и граѓанин завршија на лекар!

Вознемирувачки инцидент се случил во Гостивар, откако пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“, при што три лица морале да побараат медицинска помош поради последиците од вдишување чад.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 5 август околу 17:15 часот во ОВР Гостивар. Огнената стихија избувнала во стан сопственост на 36-годишниот Г.С.

На местото веднаш пристигнале пожарникари од Територијалната противпожарна единица Гостивар, кои презеле акција и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

За време на интервенцијата, поради вдишување чад, лекарска помош побарале еден граѓанин од Гостивар, како и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар кои учествувале во спасувачката акција и обезбедувањето на местото.

Тројцата биле прегледани во Ургентниот центар во Гостивар, а засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото на пожарот, а надлежните продолжуваат со утврдување на причините поради кои избувнал огнот.