ПРВ.мк
Македонија

СПОРТСКИ ВОЗБУДУВАЊА ВО КАВАДАРЦИ: Стрит баскет турнир со парични награди на Градскиот плоштад!

СПОРТСКИ ВОЗБУДУВАЊА ВО КАВАДАРЦИ: Стрит баскет турнир со парични награди на Градскиот плоштад!

Во рамките на програмата за „Кавадаречко културно лето 2026“, Општина Кавадарци најавува голем турнир во стрит баскет (3x3), кој ќе донесе спортска енергија и динамика во срцето на градот.

Спортскиот настан ќе се одржи на 17 и 18 август 2026 година на Градскиот плоштад во Кавадарци.

Детали за турнирот и пријавувањето:

  • Капацитет: Предвидено е учество на 10 машки екипи (формат 3+1 играч).
  • Краен рок за пријавување: Сите заинтересирани екипи можат да се пријават најдоцна до 14 август 2026 година.

Парични награди за најдобрите:

  • 1. место: 9.000 денари
  • 2. место: 7.000 денари
  • 3. место: 5.000 денари

Општина Кавадарци ги поканува сите љубители на кошарката и активниот спорт да ги формираат своите екипи и да се пријават, а граѓаните да дојдат на плоштадот и да дадат поддршка за своите фаворити.