ПРВ.мк
Македонија

НОВА ФИТНЕС ЗОНА ВО КАВАДАРЦИ: Граѓаните добиваат нов простор за рекреација покрај реката Луда Мара

НОВА ФИТНЕС ЗОНА ВО КАВАДАРЦИ: Граѓаните добиваат нов простор за рекреација покрај реката Луда Мара

Покрај кејот на реката Луда Мара во Кавадарци е изградена нова, модерно уредена фитнес зона, со што кавадарчани од сите возрасти добиваат уште едно место за спорт и рекреација на отворено.

Новиот простор зафаќа површина од 60 квадратни метри и е целосно поплочен со квалитетни бехатон коцки. Во рамките на оваа зона се поставени пет современи фитнес справи, прилагодени за вежбање и одржување на физичката кондиција.

Изведувач на градежните работи е компанијата „ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“, а вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 432.175 денари. Со ова инвестирање продолжуваат напорите за уредување на јавните површини во Кавадарци и промоција на здравиот начин на живот.