ПРВ.мк
Македонија

Излезе од „Идризово“ на викенд, па заврши во полициска станица: Затвореник приведен по напад врз поранешната девојка!

Излезе од „Идризово“ на викенд, па заврши во полициска станица: Затвореник приведен по напад врз поранешната девојка!

Затвореник кој користел викенд-отсуство од Казнено-поправната установа „Идризово“ бил приведен во Охрид, откако според пријавата физички ја нападнал својата поранешна девојка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Охрид вчера во 15:50 часот го лишиле од слобода 26-годишниот Р.С. од Скопје.

Според досегашните информации, тој во моментот на настанот користел отсуство од затворот „Идризово“, каде издржувал петгодишна затворска казна.

Во Охрид тој се сретнал со својата поранешна партнерка, по што, како што е пријавено, дошло до физички напад.

Полицијата веднаш интервенирала и го привела лицето, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните продолжуваат со работа за утврдување на сите околности околу инцидентот.