ПРВ.мк
Свет

МАЈКА И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ НЕ ПРЕЖИВЕАЈА: Судот донесе конечна одлука за крвавиот напад!

МАЈКА И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ НЕ ПРЕЖИВЕАЈА: Судот донесе конечна одлука за крвавиот напад!

Авганистанецот Фархад Н. (25) е осуден на доживотна казна затвор поради нападот во Минхен во февруари 2025 година, кога со автомобил влетал меѓу мирни синдикални демонстранти и предизвикал трагедија во која загинале мајка и нејзиното двегодишно дете.

Пресудата ја донесе Високиот регионален суд во Минхен, кој оцени дека станува збор за дело со особено тешка вина. Тоа значи дека осудениот најверојатно нема да има можност за условно ослободување по 15 години, што е стандардна можност во дел од случаите според германскиот закон.

Во завршните зборови, обвинителството нагласи дека нападот бил насочен кон нанесување штета врз луѓе.

„Мора јасно да се каже дека делото имаше за цел да уништи човечки животи“, изјавил претставник на обвинителството.

Според судските информации, мајката и нејзиното мало дете биле тешко повредени откако автомобилот удрил во толпата, а починале кратко потоа. Во нападот биле повредени и голем број други луѓе, од кои некои се здобиле со тешки повреди.

Дел од жртвите, според германските медиуми, и понатаму се соочуваат со сериозни физички и психолошки последици, а некои не можат да се вратат на работа.

Судскиот совет го прогласи Фархад Н. за виновен за две убиства и 23 обиди за убиство. Пресудата се совпадна со барањето на обвинителите, додека одбраната бараше значително поблага казна и психијатриско лекување.

Адвокатите на одбраната тврдеа дека нивниот клиент имал сериозни психички проблеми и покажувал знаци на одреден тип шизофренија, што според нив можело да влијае врз неговото однесување.

Сепак, судот оцени дека нападот бил намерен. Според образложението на пресудата, обвинетиот сакал преку нападот да испрати порака поврзана со неговите ставови за политичките случувања во светот.

Обвинителството наведе дека кај него биле присутни чувства како гнев, разочарување и огорченост, кои според нив одиграле улога во одлуката да го изврши нападот.

Трагичниот случај предизвика големо внимание во Германија, особено поради начинот на кој се случи нападот и последиците што ги остави врз жртвите и нивните семејства.