ПРВ.мк
Македонија

Вонредна состојба кај Штип: Ер тракторите итно испратени, постои страв од ширење на пожарот

Вонредна состојба кај Штип: Ер тракторите итно испратени, постои страв од ширење на пожарот

Пожарот во близина на населбата Сончев Град кај Штип и понатаму претставува сериозна опасност, поради што ер тракторите се пренасочени за да помогнат во неговото гаснење.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека воздушната поддршка е испратена кон подрачјето кај населбите Баби и Дузлак, каде што огнената стихија се шири.

Според проценките од терен, постои реална опасност еден крак од пожарот да излезе од контрола, поради што е донесена одлука ер тракторите итно да бидат ангажирани на оваа локација.

Противпожарните екипи и надлежните служби остануваат на терен и продолжуваат со напорите за локализирање на пожарот, со цел да се спречи негово понатамошно ширење кон населените места.