ПРВ.мк
Македонија

Во водите на Преспанско Езеро пронајдена минофрлачка граната стара повеќе од еден век

Во водите на Преспанско Езеро пронајдена минофрлачка граната стара повеќе од еден век

На 30 април 2026 година, во 10:00 часот, во СВР Битола било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај туристичката населба во селото Отешево, била пронајдена граната.

По пријавата, на местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, кој безбедно ја подигнал гранатата.

Според информациите од МВР, станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

Случајот е безбедно расчистен, а надлежните институции повторно апелираат вакви предмети да не се допираат, туку веднаш да се пријават.