ПРВ.мк
Македонија

Во тек е расчистување на вегетацијата на патот кон ХЕЦ „Тиквеш“ и село Дреново

Во тек е расчистување на вегетацијата на патот кон ХЕЦ „Тиквеш“ и село Дреново

Екипите на ЈП „Комуналец“ спроведуваат активности за мулчирање и расчистување на вегетацијата долж патниот правец кон ХЕЦ „Тиквеш“ и селото Дреново.

Со ангажирана механизација се отстранува обраснатата вегетација покрај коловозот, со цел да се подобри прегледноста на патот, да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и да се обезбеди подобро одржување на оваа важна сообраќајница.

Од ЈП „Комуналец“ информираат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, согласно програмата за редовно одржување на патната инфраструктура.

Со ваквите интервенции се овозможува побезбедно движење за возачите, а истовремено се придонесува и за подобар изглед на патните правци во општината.