ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Локомотива усмрти пешак при обид да ја премине пругата

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Локомотива усмрти пешак при обид да ја премине пругата

Трагична железничка несреќа се случила во Ниш, каде постар маж го загубил животот откако бил удрен од локомотива што се користи за проверка и одржување на железничката пруга.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 9:45 часот во близина на улицата „Душан Поповиќ“. Очевидци тврдат дека мажот се обидел да ја премине пругата на необележан, односно див премин, без претходно да провери дали доаѓа возило.

Наводно, тој зачекорил на шините во момент кога наишла локомотивата, која не успеала навреме да запре.

На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на Итната помош и полицијата, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Надлежните органи извршиле увид и работат на утврдување на сите околности под кои се случила трагедијата.