Трагичен настан го потресе Белград, откако 39-годишен маж починал по напад од рој оси додека ѝ помагал на својата сосетка да премести маса во дворот.
Според информациите, мажот не знаел дека под масата се наоѓа гнездо со оси. Во моментот кога ја поместил, инсектите излетале и го нападнале, нанесувајќи му повеќе убоди во пределот на главата и вратот.
По нападот веднаш му се слошило, по што бил пренесен во најблискиот Дом на здравје. И покрај напорите на лекарите, не успеал да преживее.
Соседите велат дека станувало збор за човек кој секогаш бил подготвен да им помогне на другите. Зад себе оставил сопруга и три деца, а најмалото оваа година требало да тргне во прво одделение.
Ова е втор смртен случај во Белград поврзан со убоди од оси во последните десетина дена, поради што лекарите апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при работа во дворови, шупи и други места каде може да има гнезда од инсекти.







