Двајца браќа се повредени во напад со нож што денеска се случил во белградската населба Палилула, по што веднаш биле пренесени на лекување.
Според српските медиуми, нападот се случил во близина на автобуска станица кај ресторанот „Палилула“, во Улица Кнез Данилова. По инцидентот, на местото останале видливи траги од крв на тротоарот и фасадата, а полицијата го обезбедуваше местото и ја затвори улицата за сообраќај.

Според првичните информации, едниот брат се здобил со убодна рана на раката, додека другиот бил избоден во стомакот и подлактицата. Двајцата најпрво биле примени во Домот на здравје „Палилула“, а потоа со екипа на Итната помош биле префрлени во Ургентниот центар.

Полицијата во меѓувреме го привела осомничениот за нападот. По апсењето било утврдено дека и тој има повреда на коленото, по што му била укажана лекарска помош.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.







