Сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Тетово–Скопје, каде автомобил излетал од коловозот, поради што сообраќајот во моментов се одвива само по една сообраќајна лента.
Според првичните информации, на местото на несреќата е запрен и камион, но засега не е познато дали меѓу двете возила имало директен судир или камионот бил запрен поради инцидентот.
На местото се наоѓаат и повеќе возила кои се движеле пред и зад автомобилот што излетал од патот, додека надлежните служби ги утврдуваат причините и околностите под кои се случила несреќата.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот.







