ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ ВОЗАЧИ: Снег на овој патен правец - еве како се одвива сообраќајот!

ВНИМАВАЈТЕ ВОЗАЧИ: Снег на овој патен правец - еве како се одвива сообраќајот!
Kristal

Јавното претпријатие „Македонијапат“ објави дека утрово во селото Стојмирово се регистрира присуство на снег со дожд, но засега не се забележува создавање на снежна покривка на коловозите. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива нормално, со претежно влажни коловози поради утринската влага.

Сите главни и регионални патни правци низ земјата се проодни, сепак, на одредени делови кои минуваат низ клисури, „Македонијапат“ препорачува внимателно возење и намалена брзина, поради можни ситни одрони и лизгави делови. Возачите се повикуваат на зголемена претпазливост, особено кај мостовите и кривулестите патни делници.

Синоптичарите најавуваат дека денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места, особено во планинските предели, врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на највисоките врвови ќе има снежна покривка. Условите за појава на ретки грмежи се сè уште присутни, а ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Температурите ќе се движат во интервал од 8 до 16 степени, додека во Скопје времето ќе биде слично, со максимална дневна температура до 12 степени. Синоптичарите упатуваат на внимание при патувањата во планинските региони и низ клисурите, каде условите можат да се менуваат брзо.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo