ПРВ.мк
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повикува: ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СЕ БОГАТЕА ОД ГРАБЕЖИТЕ ВО РЕК!

ВМРО-ДПМНЕ повикува: ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СЕ БОГАТЕА ОД ГРАБЕЖИТЕ ВО РЕК!

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека врвот на СДСМ, предводен од Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, се збогатувал преку сомнителни тендери доделени на фирмата „Марковски компани“ во рамки на работењето на РЕК и ЕСМ.

Според опозициската партија, тендерите што ги добивала оваа компанија биле нетранспарентни, а разликите во цените од година на година достигнувале и до 90 милиони денари, без јасно објаснување за зголемувањето. Како што велат, компанијата во една година добивала 1.500 денари саатница, додека следната – 4.000 денари.

„Сопственикот на ‘Марковски компани’ треба јасно да одговори каде завршиле овие пари. Дали во џебовите на Заев и Филипче? Дали се користеле за бизниси надвор од државата или за финансирање на СДСМ?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека „оваа шема не би била можна доколку раководството на СДСМ работеше чесно и одговорно“, и повикуваат на одговорност и институционално расчистување на случајот.

Од СДСМ сè уште нема официјална реакција по овие обвинувања.

Escape