Според неофицијалните податоци објавени од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бележи убедливо водство во повеќе општини низ државата, со значителна предност пред СДСМ.
Во Струмица, родниот град на поранешниот премиер Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ освои 1.164 гласа наспроти 659 за СДСМ. Во скопските општини, Аеродром води со 2.394 гласа пред СДСМ со 892, а Левица со 817, додека во Кисела Вода резултатот е 1.744 спрема 576 за СДСМ, Левица 561.
Во источниот дел од земјата, партијата доминира: Делчево 1.055 спрема 290, Радовиш 2.637 спрема 932, а во Пробиштип 421 наспроти 258 за СДСМ. Во Петровец и Илинден, разликите се уште поголеми — 1.402 спрема 212 и 2.202 спрема 249, со 260 гласови за Левица во Илинден. Во Велес, според неофицијалните податоци, ВМРО-ДПМНЕ има 6.266 гласа наспроти 1.306 за СДСМ.
Штабот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нивните кандидати веќе обезбедиле победа во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен и Свети Николе, додека голема победа се очекува и во Струмица, град кој со години важеше за бастион на СДСМ.
Во дел од општините веќе владее славеничка атмосфера со патриотски песни и собирања пред партиските штабови. Од СДСМ засега нема официјален коментар, но најавуваат прес-конференција во 20:30 часот.