Според последните податоци од Државната изборна комисија, обработени се 43,32% од гласовите од 1.713 избирачки места од вкупно 3.474. Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во убедливи 55 општини, додека СДСМ, Коалицијата ВРЕДИ и Националната алијанса за интеграција (НАИ) засега водат само во 7 општини, а Демократската партија на Турците во една општина.
ВМРО-ДПМНЕ води во општини како Аеродром, Битола, Велес, Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Штип, Струмица, Прилеп и уште десетици други низ целата држава, покажувајќи широка доминација.
СДСМ и Коалицијата водат во Богдацни, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Лозово, Центар и Чешиново-Облешево, додека кандидатите на ВРЕДИ водат во Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Теарце, Тетово и Чаир.
НАИ засега води во Арачиново, Бутел, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Сарај, додека независни кандидати се во водство во Струга и Студеничани. Кандидатот на Демократската партија на Турците води во Центар Жупа.
Првичните бројки јасно покажуваат масивно водство на ВМРО-ДПМНЕ низ државата и значително предност пред останатите партии.