ПРВ.мк
Македонија

Владата ја продолжи мерката за дизел-горивото – еве до кога ќе важи пониското ДДВ

Владата ја продолжи мерката за дизел-горивото – еве до кога ќе важи пониското ДДВ

Намалената стапка на ДДВ за дизел-горивото ќе продолжи да важи до 20 октомври 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со мерката, данокот на додадена вредност за дизелот останува намален од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажат ценовните притисоци и финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.

Димитриеска-Кочоска преку објава на Фејсбук посочи дека продолжувањето на мерката е дел од активностите на Владата за заштита на животниот стандард и одржување на економската стабилност.

Според неа, пониската стапка на ДДВ директно влијае врз малопродажните цени на дизел-горивото и треба да помогне во ублажување на ефектите од надворешните ценовни шокови.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија“, порача министерката.

Таа нагласи дека надлежните институции внимателно ги следат случувањата на меѓународните пазари и дека Владата ќе продолжи да реагира во зависност од економските услови и движењето на цените.

Мерката за намалено ДДВ за дизелот, според најавеното, ќе остане во сила до 20 октомври, по што институциите повторно ќе ја оценуваат состојбата на пазарот.