По неколкуте неочекувано топли денови на почетокот на декември, кога термометрите ќе се искачат до неверојатни 15 степени, вистинската зима конечно ќе го преземе сцената. Според најновата прогноза на познатиот српски метеоролог Иван Ристиќ, ова пролетно-есенско „златно време“ нема да трае долго, а од средината на декември се очекува продор на студен воздух од Русија, Сибир и Арктикот, феномен познат како „ѕверот од исток“.
– Уште од последниот ден на ноември ќе започне период на потопло време и стабилизација, со дневни температури кои ќе се искачат од 10 до 15 степени. Ќе има делумно разведрување и сончеви денови, но утрините ќе бидат студени, со мраз и магла – вели Ристиќ.
Според метеоролозите, овој период на умерен студ ќе трае до околу 20 декември. По ова следи вистинскиот пресврт: студената воздушна маса од североисток ќе стигне преку „Виенската порта“ и ќе ја зафати целата регија. Дождот ќе се претвори во снег, а температурата ќе падне значително, најавувајќи ледени денови со максимуми од -2 до 3 степени и минимуми кои ќе паѓаат до -7 степени околу Божиќ.
– Овој студен бран ќе биде најсилен во третата декада од декември. Говориме за вистинска зима – со снежна покривка, замрзнати патишта и ледени денови, нешто што повеќето од нас го очекуваат секоја година – додава Ристиќ.
„Ѕверот од исток“ е исто така предвиден и од европските метеоролози од „Severe Weather Europe“, кои потврдуваат дека овој студен продор ќе донесе температури под нулата и значителни снежни врнежи во централна и источна Европа.
Подгответе се – по краткото пролетно-есенско задоволство, Македонија ќе влезе во вистинска зимска приказна која ќе го бележи крајот на декември.

















