ПРВ.мк
Свет

ЕУ му постави црвена линија на Трамп: „МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА СИТЕ ЗЛОСТОРСТВА!“

ЕУ му постави црвена линија на Трамп: „МОРА ДА ОДГОВАРА ЗА СИТЕ ЗЛОСТОРСТВА!“
Kristal

Европската Унија јасно испрати предупредување до американскиот претседател Доналд Трамп околу неговиот мировен план за Украина. Според висок функционер на ЕУ, кој за „Политико“ зборуваше за деталите, било неодоговорно каков било прекин на огнот или економска соработка да ја ослободи Русија од одговорност за воените злосторства што ги извршила.

Комесарот за правда и демократија на ЕУ, Мајкл Мекграт, потенцирал дека одговорноста на Владимир Путин за убиствата на цивили, бруталните напади во Буча, Мариупол и други градови, како и за киднапирањето на десетици илјади украински деца, не смее да биде заборавена или поништена преку какви било договори. Тој предупреди дека секој обид за амнестија на Русија ќе значи семе за нова агресија и потенцијална катастрофа во иднина.

Истовремено, украинските власти веќе отворија над 178.000 истраги за наводни злосторства извршени од руските сили, додека Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин за незаконско депортирање на деца. Европските лидери инсистираат дека санкциите против Русија не смеат да се укинат без нивна согласност, додека нацрт-планот на Трамп предвидува постепено враќање на Русија во глобалната економија и повторно приклучување во Г8.

„Не можеме да се откажеме од правата на жртвите на руската агресија. Милиони животи се одземени или уништени, а докази за злосторствата има во изобилство“, заклучи Мекграт, оставајќи јасна порака дека ЕУ нема да дозволи неказнивост за злосторствата во Украина.

FixCredit
Atensa 300
Escape