ПРВ.мк
Црна Хроника

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА ЖЕНА ВО РЕКАТА ВАРДАР – ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ!

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА ЖЕНА ВО РЕКАТА ВАРДАР – ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ!
Kristal

Вчера во полиција било пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на селото Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице.

Телото било извлечено од водата од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.

На местото извршен е увид од страна на полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Полицијата продолжува со истрагата за случајот.

FixCredit
Atensa 300
Escape