ПРВ.мк
Свет

Кој е познатиот пејач кој беше пронајден мртов во хотелска соба?

Кој е познатиот пејач кој беше пронајден мртов во хотелска соба?
Kristal

Познатиот хрватски пејач и музичар Мирко Перковиќ Поки беше пронајден мртов во хотелска соба во Цирих на 30 ноември, само еден ден по неговиот настап во Швајцарија.

Пријателите на Перковиќ го пронашле околу 11 часот наутро, во кревет, откако претходно вечерта тој ја прекинал својата изведба на 15-тата вечер „Ливања“ поради тоа што се чувствувал лошо. Иако неговите пријатели сакале да го однесат во болница, пејачот одбил, уверувајќи ги дека му е потребен само одмор и дека е дехидриран.

Мирко Перковиќ-Поки потекнува од Ливно и има долга музичка кариера. Тој свирел хармоника и клавијатури и сними неколку албуми во соработка со регионални продуценти. Настапувал низ Европа и Канада, а во својот репертоар имал далматински песни, поп, рок и фолк музика.

Точните околности на смртта се уште се истражуваат, а неговите пријатели и колеги изразија длабока тага поради ненадејниот и трагичен исход.

FixCredit
Atensa 300
Escape