Повозрасна велешанка е тешко повредена откако била прегазена од патничко возило „Бмв“ на улица во Велес.
Според информациите од МВР, на 21 ноември 2025 година околу 10:30 часот, на улицата „8 Велешка бригада“, 38-годишниот З.А. од Велес управувал со „Бмв“ со велешки регистарски ознаки и удрил во 71-годишната Б.А.
По несреќата, повредената жена била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за прва помош. Подоцна, на 25 ноември 2025 година, таа се јавила во Општата болница Велес, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Велес, а случајот е во понатамошна истрага.

















