До сабота во Македонија ќе се задржи претежно стабилно време, но веќе од недела се очекува промена на временските услови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела и понеделник во повеќе делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе постојат и услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
На одредени места се очекува и засилен ветер.
Поголема промена на температурите ќе следува од вторник. Поради продор на постудена воздушна маса од север, дневните температури ќе почнат да опаѓаат, со што ќе заврши периодот на потопло и стабилно време.






