ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА: Полицијата спречи голем нелегален транспорт во Македонија!

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА: Полицијата спречи голем нелегален транспорт во Македонија!
Kristal

Мобилни царински тимови, заедно со царински службеници од Царинарница Битола, запленија поголема количина тутунски производи без акцизни марки при спроведена контрола во малопродажен објект во Струга. Како што информираат од Царинската управа, вредноста на запленетата стока надминува 1,8 милиони денари.

При деталната контрола, службениците пронашле вкупно 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење. Сите овие производи биле без соодветни акцизни маркички, што претставува прекршување на законските прописи.

Од Царинската управа посочуваат дека со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока, при што е избегнато плаќање акциза во износ од околу 509 илјади денари. Заплената, како што нагласуваат, претставува значаен удар врз сивата економија и нелегалната продажба на тутунски производи.

Надлежните информираат дека против сторителите е поведена соодветна постапка, согласно законските надлежности. Воедно, од Царинската управа порачуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли со цел спречување на нелегалната трговија со акцизни производи, заштита на државниот буџет и зачувување на здравјето на граѓаните.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo