ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Фирма и двајца управители осомничени за даночно затајување вредно над 1,3 милиони денари!

СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Фирма и двајца управители осомничени за даночно затајување вредно над 1,3 милиони денари!
Kristal

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице со седиште во Струмица и против две физички лица – В.Ј. (35) и С.П. (44), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, казниво по член 279 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, пријавениот правен субјект, во својство на даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. како управители на фирмата, во текот на 2024 година постапиле спротивно на законските даночни обврски. Имено, тие поднеле даночни пријави до Управата за јавни приходи, но не го уплатиле данокот кој бил пресметан и доспеан за плаќање на утврдените сметки.

Со ваквото постапување, според надлежните, пријавените избегнале плаќање на законската даночна обврска со намера да се стекнат со поголема имотна корист или вредност. Утврдениот, а неплатен данок се однесува на данок на додадена вредност (ДДВ) за повеќе периоди во текот на годината.

Конкретно, за периодот од 1 април до 30 јуни 2024 година, не бил платен ДДВ во вкупен износ од 1.340.048 денари, додека за периодот од 1 октомври до 31 декември 2024 година, неплатениот износ изнесува 8.691 денар. Со тоа, за контролираните периоди во 2024 година, буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупен износ од 1.348.739 денари.

Надлежните институции продолжуваат со постапката, а конечната одлука ќе биде донесена по спроведување на обвинителската истрага и утврдување на сите релевантни факти.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo