Германецот Финн Ватчов, кој ја направи Македонија свој дом, уште еднаш ги воодушеви своите следбеници со најновото видео од Лесново, Пробиштип, каде ја посети величествениот манастир на Св. Гаврил Лесновски. Со својот препознатлив стил, искреност и симпатичен акцент, Финн ја сподели фасцинацијата од богатата историја и духовно наследство на земјата што ја избрал за живот.
„Не ми се верува дека постои вакво место во оваа мала земја… манастир стар повеќе од 1000 години! Апсолутно неверојатно! Дали знаете каква историја и култура имате вие?“ – вели Финн, додека ја изразува својата љубов кон секоја улица, споменик и културен бисер што го посетува.
За него, Македонија не е само земја, туку вистински рај. „Лесново е лек за душата“, додава, пренесувајќи ја топлината и восхитот кон природната убавина и духовноста што ја нуди земјата.
Финн Ватчов со ова видео потврдува дека македонската историја, култура и природни убавини пленат не само локалците, туку и странците кои решаваат да ја откријат. Неговата порака е јасна – македонското културно наследство е богатство за целиот свет и секој треба барем еднаш да ја доживее оваа магија.

















