ПРВ.мк
Македонија

Вевчани вечерва експлодира: Почнува легендарниот карневал што 1.400 години ја исмева стварноста

Вевчани вечерва експлодира: Почнува легендарниот карневал што 1.400 години ја исмева стварноста
Kristal

Со силна музика, маски и сатира насочена кон актуелните случувања, вечерва во Вевчани официјално стартува Вевчански карневал 2026, една од најстарите и најпрепознатливи манифестации на Балканот.

Отворањето е резервирано за концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, со што карневалската атмосфера уште од првата вечер ќе го зафати целото село.

Кулминацијата на манифестацијата следува утре во 13 часот, кога низ центарот на Вевчани ќе продефилира централната карневалска поворка. Во традиционалниот судир на двете маала, маскираните учесници ќе ги претстават своите креации, исполнети со хумор, критика и алузии на општествените и политичките теми од изминатата година.

Утрешната вечер е резервирана за фолк-програма. Од 20 часот на сцената ќе настапат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски, како и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Карневалската ноќ традиционално ќе заврши на полноќ, со настапот на Перо Бели и групата „Вип“, кои ќе ги испратат маскираните кон вевчанските извори.

Со традиција долга речиси 14 века, Вевчанскиот карневал претставува редок спој на пагански ритуали, христијанска симболика и современа сатира. Тој не е само фестивал, туку жив обичај што го означува крајот на старото и почетокот на новото – со прочистување, смеа и порака дека ништо не е недопирливо за карневалската маска.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape