ПРВ.мк
Македонија

Велешанец подигнал 149.000 денари кредит со туѓа лична карта!

Велешанец подигнал 149.000 денари кредит со туѓа лична карта!

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ. (34) од Велес за злоупотреба на лични податоци и измама при добивање кредит.

Според информациите, на 30 септември 2025 година, осомничениот во стан во Неготино фотографирал лична карта на друго лице и без негово знаење аплицирал за кредит од финансиско друштво.

Кредитот бил одобрен, а Н.Џ. подигнал 149.000 денари. МВР продолжува со истрага.