ПРВ.мк
Македонија

Велешка Питијада со големи музички имиња: Лозано, Наташа Беквалац и Црвена Јабука

Велешка Питијада со големи музички имиња: Лозано, Наташа Беквалац и Црвена Јабука

Велес се подготвува за голема тридневна манифестација со богата програма за сите генерации, а на сцената ќе настапат познати музички имиња од Македонија и регионот.

Програмата во петок традиционално ќе започне со најмладите, односно со децата од велешките градинки, по што ќе следува подготовката на џиновската пита пастрмајлија – еден од најпрепознатливите симболи на Велес.

Вечерта ќе кулминира со настап на Влатко Лозаноски – Лозано.

Во сабота велешката публика ќе има можност да ја слушне една од најпознатите балкански поп-ѕвезди, Наташа Беквалац.

Неделата, пак, е резервирана за „Црвена Јабука“, чиј настап, според организаторите, бил побаран од голем број велешани.

Пред нив на сцената ќе настапи и македонскиот пејач Давид Темелков.

Останатите учесници и дополнителните содржини од програмата сè уште се договараат и ќе бидат објавени дополнително.

„На Велес му е потребна една голема манифестација како оваа“, е пораката во пресрет на настанот, кој треба да понуди три дена исполнети со музика, забава, традиција и содржини за посетители од сите генерации.