ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Денеска ќе запрат услугите на УЈП, еве до кога нема да функционираат!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Денеска ќе запрат услугите на УЈП, еве до кога нема да функционираат!
Kristal

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека денеска, 30 декември 2025 година, ќе дојде до привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои УЈП им ги нуди на даночните обврзници.

Според официјалното соопштение, прекинот ќе започне во 16:00 часот, а причината е техничка природа поврзана со одржување на системите. Во овој период нема да бидат достапни дигиталните сервиси преку кои граѓаните и компаниите ги извршуваат своите даночни обврски.

Од Управата наведуваат дека се очекува електронските услуги повторно да бидат ставени во функција во доцните попладневни, односно вечерните часови, веднаш по завршувањето на планираните активности.

УЈП апелира до сите даночни обврзници за трпение и разбирање, посочувајќи дека ваквите прекини се неопходни со цел подобрување на стабилноста, безбедноста и ефикасноста на дигиталните услуги кои секојдневно ги користат граѓаните и деловната заедница.

FixCredit
Escape