ПРВ.мк
Свет

Москва најавува жесток одговор: „Целите и времето се утврдени“ по нападот врз резиденцијата на Путин

Москва најавува жесток одговор: „Целите и времето се утврдени“ по нападот врз резиденцијата на Путин
Kristal

Русија најави одмазднички чекори по наводниот украински напад со беспилотни летала врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин во Новгородската област. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските вооружени сили синоќа испратиле вкупно 91 дрон кон објектот, но дека сите биле навреме уништени.

Според Лавров, во инцидентот нема жртви ниту материјална штета, но тој нагласи дека Москва нема да го остави нападот без одговор. „Целите и времето за одмазда се веќе утврдени“, порача шефот на руската дипломатија, додавајќи дека ваквите акции сериозно ја менуваат безбедносната слика и пристапот на Русија.

Министерот истакна дека нападот се случил во исклучително чувствителен момент, кога се водат интензивни дипломатски разговори за завршување на војната во Украина. Според него, ваквиот потег на Киев претставува премин кон „политика на државен тероризам“, поради што Русија ќе ја преиспита својата преговарачка позиција.

И покрај острите најави, Лавров потврди дека Москва нема намера да се повлече од разговорите со Соединети Американски Држави за украинското прашање. Тој оцени дека дипломатските канали мора да останат отворени, иако, како што рече, довербата е сериозно нарушена.

Најавата за можна руска одмазда дополнително ја зголемува напнатоста во регионот и ја става иднината на мировните преговори под уште поголем знак прашалник.

FixCredit
Escape