ПРВ.мк
Свет

НАПАДНАТА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН – Еве каде бил тој во моментот!

НАПАДНАТА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН – Еве каде бил тој во моментот!
Kristal

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека резиденцијата на претседателот Владимир Путин во регионот Новгород била нападната со 91 дрон, кои сите биле соборени. Кремљ нагласи дека нема повредени или причинета материјална штета и дека инцидентот ќе влијае на преговарачката позиција на Русија во разговорите за крај на војната.

Сепак, Кремљ не откри дали Путин бил присутен во резиденцијата во моментот на нападот. Рускиот претседател има повеќе резиденции низ земјата – освен Новгород, често престојува во Москва, Санкт Петербург и Сочи на Црното Море.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш ги отфрли обвинувањата како лажни и истакна дека Москва ги користи овие тврдења за да го поткопа напредокот во преговорите со САД. Зеленски предупреди дека Русија всушност подготвува терен за можни напади врз украински владини објекти во Киев.

Во меѓувреме, рускиот Кремљ најави „одмазднички напади“ врз одредени украински цели, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил многу лут поради овие информации, но разговорот помеѓу него и Путин бил „позитивен“.

Контрадикторните информации од двете страни засега не можат независно да се потврдат, оставајќи ја точната ситуација за местоположбата на Путин во моментот на наводниот напад неизвесна.

FixCredit
Escape