Министерството за внатрешни работи известува дека во моментов сообраќајот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин поради превртена цистерна на патот.
На местото на несреќата се излезени сите надлежни служби кои преземаат мерки за расчистување на инцидентот и за нормализирање на сообраќајот.
Јавноста се замолува за трпение и внимание, а МВР најавува дека ќе извести веднаш штом сообраќајот повторно биде пуштен.
















