ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНО ЗА ПАТНИЦИТЕ КОН ГРЦИЈА: Евзони ќе биде блокиран – Еве точно кога да го избегнувате преминот!

ВАЖНО ЗА ПАТНИЦИТЕ КОН ГРЦИЈА: Евзони ќе биде блокиран – Еве точно кога да го избегнувате преминот!
Kristal

Доколку патувате кон Грција, треба да бидете внимателни – грчките земјоделци и денеска планираат блокади на граничниот премин Евзони. Сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција ќе биде во прекин во два термина:

  • од 11:00 до 15:00 часот по македонско време (12:00 – 16:00 по грчко),
  • и од 17:00 до 21:00 часот по македонско време (18:00 – 22:00 по локално време).

Се очекува блокадите да бидат тргнати од утре до петок поради новогодишните празници, за да се олесни патувањето на граѓаните, како што беше случај и за Божиќ минатата недела. На заеднички состанок во сабота, земјоделците ќе ги одредат следните чекори во протестот.

Протестите започнаа на 30 ноември, поради високите трошоци за производство, ниските цени на производите и скандалот со европските земјоделски субвенции. Главното барање на земјоделците е исплатата на заостанатите субвенции.

Блокадите на Евзони започнаа на 1 декември, а речиси секојдневно земјоделците го попречуваат сообраќајот со паркирани трактори на грчката страна на границата.

FixCredit
Escape