Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, заврши на Клиника по сериозна несреќа со петарда.
Настанот се случил на 29 декември 2025 година околу 15:10 часот, кога малолетникот се здобил со повреди на раката од експлодирана петарда. Детето веднаш било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде лекарите констатирале сериозност на повредите.
Поради потребата од понатамошно лекување, осумгодишното дете било префрлено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата информира дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.
Граѓаните се повикуваат на внимателност при користење на пиротехнички средства, особено кога се работи за деца, за да се избегнат трагедии.
















