ПРВ.мк
Македонија

ПРОНАЈДЕН МАЖ БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН - Полицијата со детали за настанот!

ПРОНАЈДЕН МАЖ БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН - Полицијата со детали за настанот!
Kristal

Четириесетгодишен маж од Охрид е пронајден тешко повреден во паркирано возило „голф“ со охридски регистарски таблички во струшкото село Ливада. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, околу 02:37 часот.

Повредениот, идентификуван како Џ.Д.П. (40), веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Полицијата засега не соопштува детали за тоа како дошло до нападот, но истакнува дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанал инцидентот.

Јавноста е повикана на внимателност, а истрагата продолжува.

FixCredit
Escape