ПРВ.мк
Македонија

Вандализам што ја разбесни јавноста: Снимени малолетници како уништуваат дел од училишниот простор!

Вандализам што ја разбесни јавноста: Снимени малолетници како уништуваат дел од училишниот простор!

Спортските игралишта во ООУ „Гоце Делчев“ во Виница биле мета на вандализам, а според раководството на училиштето, сторителите се малолетни лица кои се јасно идентификувани преку системот за видеонадзор.

Од училиштето информираат дека веќе е формирана комисија која треба да ја утврди и процени причинетата материјална штета, по што случајот ќе биде проследен до надлежните институции.

„Сторителите се комплетно и јасно снимени од сите агли на видео надзорот. Доколку се утврди штета, сите видео материјали и докази ќе бидат предадени во полицијата, а снимките ќе бидат јавно објавени на нашата Фејсбук-страница“, соопштија од училиштето.

Од управата најавија дека ќе побараат родителите на малолетните лица да ги покријат трошоците за поправка и санација на оштетувањата што биле направени.

Воедно, училиштето упати апел до родителите да посветат поголемо внимание на однесувањето на своите деца и да разговараат со нив за одговорноста кон заедничкиот имот.

„Спортските игралишта се изградени за спорт, рекреација и дружење, а не за уништување. Нема да дозволиме неодговорни поединци да го уништуваат она што се гради со мака и труд за доброто на сите“, порачаа од ООУ „Гоце Делчев“ во Виница.