ПРВ.мк
Македонија

УТРИНСКИ ПОТРЕС ВО РЕГИОНОТ: Земјотрес почуствуван и во Македонија - еве каде е епицентарот!

УТРИНСКИ ПОТРЕС ВО РЕГИОНОТ: Земјотрес почуствуван и во Македонија - еве каде е епицентарот!

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово беше почувствуван и во југозападниот дел на Македонија, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според официјалните информации, земјотресот бил регистриран во 7:52 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Потресот бил со локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија наведуваат дека земјотресот бил почувствуван во Струга и околните населени места, каде интензитетот достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала. Тоа значи дека потресот бил слаб до умерено почувствуван од населението, без информации за предизвикана материјална штета.

По земјотресот, дел од граѓаните на социјалните мрежи споделија дека почувствувале краткотрајно тресење, особено во Струга и околните населени места, но засега нема информации за повредени лица или какви било последици.

Сеизмолошката опсерваторија објави и карта на која е означена точната локација на епицентарот, а стручните служби продолжуваат да ја следат сеизмичката активност во регионот. Надлежните потсетуваат дека ваквите потреси се вообичаени за ова подрачје, кое се наоѓа во сеизмички активна зона.

Најнови вести