ПРВ.мк
Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје: Протестен марш за 8 Март ќе ги затвори овие улици!

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје: Протестен марш за 8 Март ќе ги затвори овие улици!
Kristal

Поради протестен марш по повод Меѓународен ден на жената, утре (8 март) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на повеќе улици во централното градско подрачје.

Маршот ќе започне во 12:00 часот од Парк „Жена Борец“, по што учесниците ќе се движат по следната траса: ул. „11 Октомври“ → ул. „Димитрија Чуповски“ → ул. „Даме Груев“ → бул. „ВМРО“ → бул. „Илинден“ → бул. „Климент Охридски“ → ул. „Ристо Шишков“ → ул. „Благоја Страчков“ → ул. „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Маршот ќе заврши кај паркот и спомен-плочата на Вера Јоциќ.

Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата и ќе воведе привремени ограничувања долж трасата на маршот.

.Полицијата апелира до сите возачи и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници, со цел сообраќајот да се одвива безбедно и без поголеми застои.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo