ПРВ.мк
Македонија

Крадец од Велес фатен на дело: Украл картички, па тргнал во шопинг!

Крадец од Велес фатен на дело: Украл картички, па тргнал во шопинг!
Kristal

Полицијата во Велес уапсила 33-годишен маж осомничен за серија кражби, при што меѓу украдените предмети имало и платежни картички кои подоцна ги искористил за купување.

Според информациите од СВР Велес, лицето со иницијали Б.Т. (33) било лишено од слобода вчера околу 04:20 часот. Тој се сомничи дека на две различни локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети од оштетените лица.

Меѓу украдените работи имало и банкарски картички, а осомничениот со една од нив успеал да направи две трансакции во продажно место, пред полицијата да го открие и приведе.

При полициската акција биле пронајдени дел од украдените предмети, кои ќе им бидат вратени на сопствениците.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo