УХМР објави метеоаларм за 10 и 11 септември поради високите температури што ќе ја зафатат земјава.
Според прогнозата, во четврток нè очекува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност и температури кои на места ќе достигнат околу 35 до 36 степени.
Високите температури ќе продолжат и во петок, 11 септември, а за делови од земјава повторно важат предупредувања поради топлото време.
УХМР објави и мапа на која се прикажани регионите опфатени со метеоалармот за следните два дена.
На граѓаните им се препорачува поголема внимателност во најтоплиот дел од денот, особено при подолг престој на директно сонце, како и внесување доволно течности.
По периодот на високи температури, за викендот се очекува промена на времето со пад на температурите и зголемена нестабилност.







