ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ: Овие вработени ќе добијат зголемени плати!

УБАВА ВЕСТ: Овие вработени ќе добијат зголемени плати!

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека започнуваат активности за нов колективен договор кој треба да донесе подобри услови и повисоки примања за припадниците на Армијата.

Според најавите, веќе од понеделник ќе стартуваат преговори со синдикатите околу новиот колективен договор, при што една од клучните теми ќе биде зголемувањето на платите и ревидирањето на бодот кој се користи за нивна пресметка. Овие измени се очекува да стапат на сила од следната година.

Министерот истакна дека во наредниот период се предвидува и дополнително процентуално зголемување на платите, кое ќе зависи од буџетските можности и економските услови во државата. Ова значи дека во следните години припадниците на Армијата би можеле да добијат повеќекратни подобрувања на своите месечни примања.

Мисајловски нагласи дека Министерството истовремено работи и на исполнување на обврските кои останале од претходниот период, особено оние поврзани со судски тужби и заостанати побарувања. Според него, секоја година се исплаќаат неколку илјади вакви случаи, што претставува значителен финансиски товар.

Тој додаде дека со актуелниот ребаланс на Буџетот приоритет е стабилизирање на старите долгови, но паралелно и инвестирање во модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата, со цел подобра подготвеност и ефикасност во иднина.