ПРВ.мк
Македонија

Црна статистика на патиштата: Илјадници казни, десетици уапсени и аларм за безбедноста во сообраќајот - ова се бројките

Црна статистика на патиштата: Илјадници казни, десетици уапсени и аларм за безбедноста во сообраќајот - ова се бројките
Kristal

Само во текот на декември, сообраќајната слика во Македонија повторно ја отвори темата за однесувањето на возачите и безбедноста на патиштата. Според официјалните податоци на Министерство за внатрешни работи, во периодот од 1 до 28 декември биле издадени вкупно 18.318 платни налози за различни сообраќајни прекршоци низ целата држава.

Најголем дел од санкциите се однесуваат на непочитување на ограничувањата на брзината – дури 4.019 возачи биле казнети поради пребрзо возење. Дополнително, полицијата лишила од слобода 123 лица за безобзирно управување со возило. Од нив, 100 биле затекнати зад волан под дејство на алкохол, 13 возеле со екстремно висока брзина во населени места, седум над дозволената брзина надвор од населени места, а три лица управувале возило во забранет правец.

Статистиката покажува и сериозен број други прекршоци. Регистрирани се 5.018 случаи на неправилно паркирање, 1.843 санкции за возење без возачка дозвола и 679 казни за управување возило под дејство на алкохол. Истовремено, биле казнети 1.046 учесници во сообраќајот за некористење сигурносен појас, како и 415 пешаци за прекршување на правилата.

Полицијата отстранила и 322 нерегистрирани возила од сообраќај, како и 172 поради техничка неисправност, додека 101 возач бил санкциониран за неправилно затемнување на стаклата.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата со цел поголема безбедност на патиштата.

FixCredit
Escape