ПРВ.мк
Македонија

ТРГОВЦИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ: Итно мора да го направат ова ако не сакаат казни од 5.000 евра!

ТРГОВЦИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ: Итно мора да го направат ова ако не сакаат казни од 5.000 евра!
Kristal

Трговците на мало се револтирани по најавата за новиот Закон за заштита од пушење, кој стапува на сила од први март. Со него, дуќанџиите, сопствениците на маркети и трафики се принудени да вложат дополнителни средства за нови витрини и шкафови, за тутунските производи да бидат складирани и недостапни за потрошувачите.

Овие непланирани трошоци се голем удар врз буџетите на малите бизниси, кои наместо да ги вложат во развој, ќе мора да ги пренаменат финансиските средства за прилагодување на просторот според законот. Неуспехот да се направат овие промени носи казни кои варираат од 1.500 до 5.000 евра, зависно од големината на правното лице.

Според законот, тутунските производи, цигари и уреди за консумирање тутун и никотин, треба да се чуваат во затворени шкафови кои не можат да се видат од потрошувачите. Шкафовите не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во неутрални бои што не го привлекуваат вниманието на посетителите.

Многу дуќанџии веќе вложиле пари за реновирање на просторот и за набавка на шкафови, витрини и безбедносни системи, но со новите ограничувања, овие инвестиции стануваат практично бескорисни.

– Со овие промени, ќе имаме огромни загуби. Многумина од нас вложија кредити и големи задолжувања за изведба на проектите. Ова може да значи целосно затворање на бизнисот и загуба на егзистенција за семејствата – велат трговците.

Загрижува и краткиот рок за адаптација, како и неизвесноста околу точниот изглед на шкафовите и специјалните кутии. Некои маркетите предупредуваат дека набавката и монтажа на опремата физички е невозможна во краткиот период што го предвидува законот.

Казните според новиот закон се следните:

  • Мало правно лице: 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност
  • Средно правно лице: 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност
  • Големо правно лице: 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност

Според Стопанската комора, околу 4.000 малопродажни објекти ќе бидат директно засегнати од новите мерки, а дел од трговците веќе најавуваат можност за отпуштање на вработени, бидејќи трошоците за преуредување на просторот ќе бидат значителни.

Овие ригорозни мерки предизвикуваат хаос кај трговците, кои сега се соочуваат со нагло откажување на веќе потпишани договори со добавувачи на тутунски производи, преуредување на просторот и отстранување на брендингот од продажните објекти.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape