Утрово на експресниот пат Штип – Радовиш се случила сообраќајна несреќа, при што 40-годишен возач од Струмица изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Според неофицијални информации од терен, возачот управувал „Мицубиши“ и останал заглавен во возилото по ударот. На местото на несреќата интервенирала Противпожарната служба, која успеала да го извади.
Неофицијално, возачот е повреден, а од ударот предизвикана е голема материјална штета на возилото.
Од МВР најавуваат дека наскоро ќе објават официјални информации за причините и околностите на несреќата.















