ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се урна авион - меѓу загинатите и заменик-министер!

(ВИДЕО) СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се урна авион - меѓу загинатите и заменик-министер!
Kristal

Во Индија денеска се случи трагична авионска несреќа кога летот од Мумбај кон Барамати заврши со судбоносен исход. Во несреќата животот го загуби Ајит Павара, заменик-министер на индиската сојузна држава Махараштра, заедно со уште четири лица.

Според Главната управа за цивилно воздухопловство, авионoт се урнал на аеродромот во Барамати за време на слетување. Двајца членови на персоналот на Павара и двајца членови на екипажот исто така загинале во несреќата. Причината за падот сè уште не е официјално потврдена.

Снимките од местото на несреќата прикажуваат остатоци од авионот обвиени со чад и пламен, додавајќи трагичност на сцената.

Премиерот Нарендра Моди на X (поранешен Twitter) изрази тага поради несреќата:

„Моите мисли се со сите кои ги загубиле своите најблиски во несреќата. Се молам за сила и храброст за семејствата кои се во длабока тага“, напиша тој.

Ајит Павара, внук на Шарад Павара, основач на Националистичката конгресна партија (NCP), бил влијателен политичар во Махараштра. Интересно е што Барамати, каде што се урна авионот, е токму општината од која семејството Павара доживеало политички успон, а сега стана местото каде што трагично го загуби животот.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape