ПРВ.мк
Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Руски војници понижувани и мачени – врзани за дрво, принудени да го прават ова!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Руски војници понижувани и мачени – врзани за дрво, принудени да го прават ова!
Kristal

Вознемирувачки видеа што кружат на социјалните мрежи го прикажуваат бруталното казнување на руски војници кои биле обвинети за непослушност и обид за дезертерство од страна на команданти блиски до Кремљ, пишува „Дејли Меил“.

Едно видео покажува војник залепен наопаку за дрво на студ, близу фронтовската линија. Друг војник, исто така врзан за дрво, е принуден да јаде снег по наредба на претпоставен офицер. Двајцата се речиси голи, облечени само во долна облека, откако им биле одземени зимските униформи.

Командантот на видеото ја обвинува војниците дека се обиделе да ги напуштат своите позиции и дека одбиле да ги почитуваат наредбите. Додека го принудува еден од нив да јаде снег, тој вика: „Јади, проклет гаду“. Војникот, видливо преплашен и во шок, низ солзи повторува: „Извинете, ве молам“, но командантот продолжува со понижувањата, навредувајќи ја нивната машкост и нарекувајќи ги „проклети кретени“.

Снимките предизвикаа бес, а украинските и независните канали објавија дека станува збор за нови методи на мачење кои се користат за казнување на руските војници кои одбиваат да учествуваат во нападите.

Каналот на Телеграм „Воена архива“ истакнува дека командантите на теренот посегнуваат по сè посурови методи за одржување на дисциплина, додека каналот „Невзоров“ тврди дека руските генерали продолжуваат да ги „туркаат војниците напред по секоја цена“, што ги тера локалните команданти да измислуваат нови казни.

Слични сцени на понижување и злоупотреба на сопствените војници се снимени и претходно, но ова ниво на отворена суровост и садизам, во услови на екстремен студ, никогаш порано не е видено.

Фактот дека војниците се изложени на смртоносен студ, речиси голи, дополнително го зголемува ужасот на целата сцена, па многумина ги сметаат овие видеа за најшокантни од почетокот на војната.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape