ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) СПРЕМЕТЕ СЕ, СТИГА „ПРЕДАТОР“: Новиот ѕвер на Путин може да полета дури до вселената – мисии веќе подготвени!

(ФОТО) СПРЕМЕТЕ СЕ, СТИГА „ПРЕДАТОР“: Новиот ѕвер на Путин може да полета дури до вселената – мисии веќе подготвени!
Kristal

Русија развива стратосферска беспилотна мултифункционална платформа „Предатор“, која ќе може да достигне висина до 15 километри, изјави Владимир Табунов, извршен директор на компанијата „Герон“, која го произведува системот.

„Предатор“ е напредна беспилотна летелica наменета за долги мисии на големи висини, со способност да делумно ја замени работата на одредени сателитски и земјени системи. Платформата е дизајнирана за комерцијална, научна и одбранбена употреба.

Клучни карактеристики на „Предатор“:

  • Максимална брзина: до 550 километри на час
  • Максимален домет: до 12.000 километри
  • Оперативна висина: до 15.000 метри
  • Носивост: до 500 килограми

„Беспилотната летелica има можност за вертикално полетување и слетување, како и режим на лебдење“, објасни Табунов.

Дизајнот користи технологија на монокрил, што ја зголемува брзината, носивоста и прикриеноста на летелицата. „Предатор“ интегрира вештачка интелигенција и 3D режим на скенирање.

Табунов истакна дека развојот на дроновите ќе овозможи извршување задачи за истражување на блискиот вселенски простор.

  • „Развојот на 'Предатор' вклучува решенија кои, според нашето мислење, можат да донесат значајни технолошки резултати за научниот и техничкиот напредок, како и за исполнување задачи поврзани со истражување на блискиот вселенски простор“, рече тој.
FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape